Офицерот што го вратија од НАТО бидејќи немал безбедносен сертификат е од Муртино? Дали е пратен по насока од Заев?

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска да одговори дали мајорот Д. П. од струмичко е офицерот вратен од мисија, затоа што немал НАТО сертификат, бараат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи и кој лобирал тој да биде пратен?

Дали Министерството за одбрана пратило на мисија пред неколку месеци официр, мајор Д.П. по потекло од струмичко на мисија на КФОР во Косово?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде тврдат дека штетата која е нанесена врз министерството со овој чин е над 50.000 евра, потрошени на платата и логистичките трошоци.

Офицерот без НАТО сертификат не можел да извршува задачи од важност на мисијата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се доаѓа до заклучок дека единствено што можел истиот да работи е да спортува. Петровска и Ковачевски да одговорат зошто се праќаат лица на мисии без да поседуваат НАТО сертификати и дали се свесни дека со ваквите дејствија и штетат на Алијансата. За чии интереси работат Петровска и Ковачевски?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…