Објавено на:

Очајнички се потезите на Додик за прекин на дипломатските односи, велат од САД и Британија

t

Американската амбасада во Сараево денеска оцени дека одлуката за прекин на контактите меѓу институциите на Република Српска и официјалните претставници на Соединетите Американски Држави и на Обединетото Кралство „е уште еден чекор на опасниот пат што го избра претседателот на РС. Милорад Додик“, што, како што се наведува, е патот изолација и авторитарно владеење.

Амбасадата на својот профил на „Твитер“ посочува дека тоа е пат кој „не им користи на жителите на Република Српска“. „Соединетите Американски Држави имаат долгогодишен работен однос со институциите на Република Српска и ние ќе продолжиме да им помагаме на граѓаните на Република Српска, како што правевме сите овие години. Нема да му пружиме помош на режим кој користи авторитарни тактики против сопствениот народ или кој користи добронамерна меѓународна помош за поддршка на неуставни или антидејтонски активности“, се наведува во соопштението, јави Танјуг.

Како што се додава, зголеменото отфрлање на Додик на долгорочните партнери на БиХ и прифаќањето на авторитарните лидери и штети на Република Српска.

„Очајничките потези на Додик се коцкаат со иднината на народот на РС, се со цел да го одржи неговиот режим и коруптивните интереси“, се наведува.

Одлуката за прекин на соработката со американски и британски дипломати во Босна и Херцеговина ја објави и британската амбасада.

„Сè понепредвидливите одлуки на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им штетат на интересите и угледот на Република Српска“, соопштија од амбасадата на Велика Британија во Босна и Херцеговина.

„Само државата Босна и Херцеговина има овластување да носи одлуки за дипломатските односи на земјата. Британската амбасада ќе продолжи да работи за доброто на сите граѓани на оваа земја“, се вели во соопштението.

Владата на Република Српска денеска ја усвои Информацијата за прекин на соработката со американски и британски дипломати во Босна и Херцеговина поради антидејтонски активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…