Објавено на:

„Очекувавме многу долго отсуство на Чурлинов, ама неговото закрепнување е – чудо!“

t

Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец кој имаше животна драма во јуни и се најде во животно загрозувачка состојба поради сепсата на терените според најавите би требало да се врати во октомври, а неговиот тренер во Барнли, Венсан Компани го опиша закрепнувањето како – чудесно.

Чурлинов не играше многу во минатата сезона во која Барнли обезбеди пласман во Премиерлигата, а потоа поради труење се најде во ептен тешка состојба на клиника во Белград поради која не беше дел од македонската селекција во јунските евроквалификациски мечеви, а потоа имаше и ситен хируршки зафат, па сега рехабилитацијата оди забрзано за офанзивното крило да се врати на теренот во најбрз можен рок.

„Навистина закрепнувањето и рехабилитацијата се многу позитивни. За Дарко очекувавме најлошо сценарио во поглед на отсуството од терените. Очекувавме дека нема да ни биде достапен долго, дека многу долго ќе го нема на теренот, но неговото опоравување е близу до – чудо. Не можам точно да кажам кога ќе го очекуваме на терен, но ако продолжи вака да се развива како што е сега, брзо ќе се врати во полна кондиција. Јас само се надевам дека идниот месец кога пак ќе го поставите ова прашање ќе можам да го променам, во смисла дека ќе знаеме термин на неговиот кам-бек“, рече Компани

Чурлинов во Барнли замина ланското лето од Штутгарт, после една година на заем во Шалке, а претходно беше дел и од Келн.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…