ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта

t

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство.

Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.

Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…