ОЈО ќе бара спојување на постапките за обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставил известување за завршена истрага до Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информираат денеска од Јавното обвинителство. Откако ќе помине законскиот рок од 15 дена на одбраната да изврши увид во доказите, ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за двојното убиство.
– По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети, информираат од ЈО.
Оттаму соопштуваат дека истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…
Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…
Според информациите од МВР, претрес се спроведува…
Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…
Морнар спасен од брод кој беше нападнат…
Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…