Павлов ќе брка злато за Македонија, а ќе мора сам да плати 1.000 евра за да настапи на ЕП!

t

Карате спортот го тресе голем скандал, откако Управниот одбор на карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе одлука репрезентативците кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство (ЕП) во Гвадалахара (22-26 март) сами да си го платат патот и сместувањето.

Тоа значи дека секој од 18-мината кои ќе нѐ претставуваат во шпанскиот град ќе мора да ја подмири сметката од 54.560 денари, колку што е проценето дека ќе чинат трошоците за овие две ставки. Меѓу нив е и поранешниот двоен европски шампион Емил Павлов, кој за да се обиде да го повтори успехот од ЕП 2014 и 2018 година во Тампере и во Нови Сад ќе мора до својот џеб да извади скоро 1.000 евра, што е досега невидено во македонскиот елитен спорт.

Челниците на КФМ оставаат простор за враќање на средствата кои репрезентативците сами ќе ги платат за сместување и превоз во Гвадалахара, но дури откако ќе добие средства од Агенцијата за млади и спорт (АМС). Прашање е само зошто тие пари не се однапред обезбедени и дали тоа е по вина на АМС или, пак, на матичната федерација, која гордо потенцира дека „самата ќе ги покрие трошоците за котизација за нашите натпреварували“.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…