Падна договор: Финска и Шведска заеднички ќе аплицираат за членство во НАТО
Владите на Финска и Шведска постигнале договор за заедничка апликација на двете земји за членство во НАТО, јавија фински и шведски медиуми.
Информацијата ја потврдиле и од шведската влада за весникот „Експресен“.
Финскиот весник „Илталехти“, пак, објави дека заедничката апликација ќе биде предадена во Брисел на средината на мај.
Поддршката на јавноста за влез на Шведска и Финска во НАТО алијансата расте од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Иако не се членки, двете земји и досега соработуваа со НАТО. Хелсинки и Стокхолм исто така ја зајакнаа и билатералната одбранбена соработка во последниве години.
На најавите за заеднички влез на Шведска и Финска во НАТО, официјална Москва реагираше со закани.
„Ги издадовме сите предупредувања, и јавно и преку билатерални канали. Тие знаат за тоа и нема да можат да се преправаат дека се изненадени. Тие се информирани за сето она до што ќе доведе тој потег“, рече денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, за телевизијата „Русија24“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…