Објавено на:

Пад на светските берзи: Инфлацијата во САД не се намалува

t

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи поради зголемената инфлација каматните стапки во САД ќе останат повисоки од очекуваните и затоа што деловните резултати на американските банки не се импресивни.

На Волстрит, Dow Jones потона за 2,4 отсто, на 37.983 поени, додека S&P 500 падна за 1,6 отсто, на 5.123 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,45 отсто, на 16.175 поени.

Најголемата светска берза е под притисок бидејќи инфлацијата во САД не се намалува.

Минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во март пораснале за 0,4 отсто на месечно ниво, додека инфлацијата на годишна основа достигна 3,5 отсто, што е за 0,3 процентни поени повисока од февруари.

Ова е повисок пораст на цените отколку што проценуваа аналитичарите, а основната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, исто така се зголеми повеќе од очекуваното.

Податоците покажуваат дека инфлацијата не се намали во последните месеци и се уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од околу 2 отсто.

Затоа, централната банка нема причина да брза со намалување на каматните стапки, што деновиве го порачуваат челниците на американската централна банка.

По овие податоци, надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки на јунската сесија речиси целосно згаснаа.

Мали се шансите процесот за намалување на каматите да започне во јули, па првото намалување на цената на парите сега се очекува во септември.

Прашањето е и колку пати ФЕД може да ги намали каматните стапки оваа година. Досега се очекуваше тоа да биде трипати за по 0,25 процентни поени, но се поверојатно е дека ќе има помалку кратења.

Податоците за висока инфлација предизвикаа пад на цените на акциите. Не е само „тајмингот“ на првото намалување на каматните стапки, туку и колку пати ФЕД ќе ги намали каматните стапки оваа година“, вели Рајан Детрик, од групацијата Карсон.

Инвеститорите беа разочарани и од лошиот почеток на сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на американските компании.

Сите три банки кои известија во петокот – JPMorgan, Wells Fargo и Citigroup – испорачаа послаби резултати од очекуваното, што ги намали цените на нивните акции.

ЕЦБ сигнализираше намалување на каматните стапки

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 1,1 отсто на 7.995 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 1,3 отсто на 17.930 поени, а париски CAC 0,6 отсто на 8.010 поени.

Пазарите беа поддржани со пораки од Европската централна банка (ЕЦБ). Додуша, челниците на ЕЦБ на седницата во четвртокот ги задржаа каматните стапки непроменети, но јасно сигнализираа дека наскоро може да започне намалувањето на каматите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави…

УРИМЕ! ВЛЕН бара албанските химна, грб и…

Коалицијата ВЛЕН во својата програма за парламентарните…

АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон…

20-годишна скопјанка пријавила дека била допирана од…

20-годишна жена од Скопје пријавила дека била…