Пак нема Македонија: Сиљановска Давкова се сретна со Нивес Тигањ

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата се разговараше за одличните билатерални односи коишто се одликуваат со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока, претседателката истакна дека двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет на регионот и пошироко.

Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до премиерот Андреј Пленковиќ по повод формирањето на новата Влада во Република Хрватска.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтегративен процес како најдобар пат за развојот на регионот и за стабилноста на Европа. Таа ја нагласи и посветеноста на двете земји како НАТО сојузници за промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот за меѓународните мировни операции, информираат од кабинетот на претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…

Над 160 здравствени работници учеа да препозна…

Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Бегај повика на смиреност и изрази подготвеност…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смиреност…