Палевски: Обвинението против мене е политички прогон

t

Денес во судницата на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо изјави дека „родителот на Вања, Александар е наместен од полицијата и дека не го познава“.

За обвинението против него Палевски тврди дека нема докази и дека тој не е убиецот. Палевски посочува дека обвинението против него е дел од политичкиот прогоно, а дека Вања Ѓорчевска која е убиена е колатерална штета.

-Ова обвинителство извршува политичка наредба затоа што во рок поднесов барање да прибави докази и тоа по закон, не бев удостоен ни со писмен одогвор дека ОЈО било спречено или поради друга причина не можеле да ми достават докзи.

Овој родител е обвинет, иако е оштетен, јас овој човек не го знам, ниту ОЈО докажало никаква врска со овој човек. Јас бев киднапиран седум дена од ова ОЈО и полиција, кога дојдов во Затвор Скопје констатираа дека имале погрешни податоци.

За потребите на медиумското известување и зошто се бара да се исклучи јавноста, беа организирани дваесетина медиуми да фотографираат и снимаат, бев донесен со понижување, со калашњикови. Јас во овој воведен говор сакам да потенцирам на судот дека оваа одбрана не е законски овозможена, спротивно на законот ми се одземени сите права, јас не се жалам на притворот, но недозволиво е без никаов доказ на моја жалба до апелацискиот суд, вишиот јавен обввинител да напише дека сум бил во бегство. Иако е познато дека телеграмата за апсење е изготвена на трети декември, моето заминување е на 30ти, без никаов доказ се наведува дека сум избегал заборавајќи дека претходо имам јавна објава од Белград каде сум, што правам, со моја патна исправа заминав во Турција за да направам магнетна резонанца на мојата кична бидејќи 70% не е во функција и имам проблеми со десната нога.

Сето тоа, по неколку месеци, од дваесетина, 18 се докази кои се изготвени од МВР по барање на ОЈО. Не може да ме убедите дека ова не е политички монтиран случај.

Ќе цитирам: По спроведена ДНК анализа од лицето Љ.П и автоматско пребарување со евиденција на ДНК профили од траги, констатирано е потенцијално совпаѓање. Јас не заминав со лице од Македонија во Белград, туку едно лице повикав откако бев во Белград, да ме пренесе во Турција.

Сето ова е по лажен исказ на еден од обвинетите кој сака да избегне доживотен затвор, сите материјални докази ги побиваат доказите на обвинителството. Ов е лицемерие, после се што објавија, не чувствувајќи ништо за мајката на Вања, сите видеа и слики објавени по порталите се излезени од Обвинителството и беа тотално погрешно брифирани медиумите, тогаш ова ОЈО не се секираше за душевното здравје на мајката на Вања. После десет месеци доаѓа лицемерното со крокодилски солзи секирање за здравјето на мајката.

Во истиот обвинителен акт го става Александар во докажана измислена позиција, вештачењето има докажано дека јас и Александар немаме комуникација, а денеска сосема спротивно повторно се чита исто обвинение и затоа е барањето за исклучување на јавноста.

Се обратив до Апелацискиот суд да престанат да објавуваат дека сум бил во бегство, ми одговорија дека не може да се укине притворот, а јас не барав да се укине притворот. Судијата во претходна постапка е поштар, ги разнесува моите дописи, ниту ги штити моите права, ниту ми помага да направам некаква одбрана, но не може да се носи одлука кога во мотивот вели дека јас и Алексанар сме сакале да земеме пари, иако знаеме од финансиски извештаи дека Зорица поседува депозит од 30.000 евра орочени до 2024 година.

Тврдат дека дупката за детето е копана претходно, а тоа значи дека претходно е одлучено да се убие детето, мотивот е погрешен, вештачки и затоа таткото на Вања е колатерлана штета во целата постапка. Посочувањето на Александар за првпат го спомнува еден од обвинетите, му потврдиле инспекторите од ПС Прилеп дека има врска меѓу Палчо и Александар. Од тогаш до денес нема ниту еден доказ.

Заборава ОЈО да спомне дека не постои контакт меѓу мајката и било кој од обвинетите, немало обид да се бара пари, ова е класично промашување и на мотивот и на целата истрага. Детето е грабнато за да биде убиено, не за да се бара материјална корист. Обвиниетелството, ќе кажам тежок збор за кој може да ме казни, не говори вистина овој обвинител. Ерол Османи, еден од сведоците, никој не знаеше дека сум бил да се поправа возило, но го кријат во списите. Никој освен мене не знаеше дека сум имал контакт со Ерол Османи, а ОЈО го крие Османи затоа што се докажува влијание на сведоци од страна на обвинителот. Се крие и извештајот за движењето на телефонот. Не спорам дека обвинителството сработило обемна работа, но во толкувањето имаат погрешно тврдење.

Јас немам нарптиродни моќи да ја отстранам моја ДНК од комбето, а да оставам од останатите тројца. Вештачењето и материјалните докази укажуваат на сосем спротивни факти на обвинителниот акт, ќе прочитате во исказ на еден од обвинетите колку време е тепан за да даде таков исказ.

Намерата на Обвинителството по секоја цена да конструира предмет е политика. Поранешниот министер Спасовски има дадено изјава дека во времето кога сум ја напуштил државата не сум обвинет, но ОЈО не го слуша тоа и се злоупотребуваат докази.

Сметам дека оваа постапка не случајно се бараше да се искчучи јавноста, лицемерие е дека Зорица е повредена, таа повеќе од кого сака да дојдеме до вистината, вели Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…