Палестинската влада поднесе оставка
Палестинскиот премиер Мохамад Штајех соопшти му ја врачил оставката на неговата влада на Западниот Брег на палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави Дојче Веле.
Штајех додаде дека поднел оставка минатиот вторник, но писмената оставка ја предал денеска.
– Ја поднесувам оставката на владата до господинот претседател, рече Штајех, додавајќи дека потегот доаѓа по „развојот на настаните поврзани со агресијата во Појасот Газа и ескалацијата на Западниот Брег и во Ерусалим“.
Штајех додаде дека поднесува оставка за да им овозможи на Палестинците да формираат широк консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по војната на Израел против Хамас во Газа.
– Одлуката за оставка дојде во светло на невидената ескалација на Западниот Брег и Ерусалим, како и војната, геноцидот и гладот во Појасот Газа, рече Штајех.
– Гледам дека следната фаза и нејзините предизвици бараат нови владини и политички аранжмани кои ќе ја земат предвид новата реалност во Газа и потребата од палестинско-палестински консензус заснован на палестинско единство и проширување на единството на власта над земјата Палестина, додаде тој.
Изјавата на Штајех доаѓа во време која се зголемува американскиот притисок врз Абас да почне со работа на политичка структура која може да управува со палестинска држава по војната, пренесува Ал Џезира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Филипче ја обвини Владата за попречување на…
Младите имаат право на научно засновани информации…