Пандев: Македонија одигра голем меч со Италија – со вистинскиот дух!

t

Италија денеска ја очекува клучна пресметка со Украина во нашата „група на смртта“, но на Апенините сѐ уште тема е новиот кикс против Македонија, која станува вистински кошмар за „аѕурите“, па три дена по ремито, македонската легенда Горан Пандев посочи дека црвено-жолтите одиграле голем меч на „ораницата“ на Националната Арена.

Македонија вечерва ѝ гостува на Малта после големото реми 1-1, кое го покажа карактерот на националниот тим, да се издигне после јунското фијаско и посебно срамните 0-7 со Англија на „Олд Трафорд“, откако трет меч по ред останува непоразена со Италија, после ремито 1-1 во 2017 и победата пред 18 месеци во Палермо.

„Македонија одигра голем меч! Мислев дека Италија ќе победи кога го даде водечкиот гол, очекував дека уште повеќе ќе притисне, но тоа не се случи. Но, без оглед на тоа, Македонија одигра добро со вистинскиот дух. Теренот во условите во какви беше, може малку и ни помогна, но во септември големите селекции секогаш имаат проблем, зашто фудбалерите сѐ уште не им се на највисоко ниво“, рече Пандев за „Ил Секоло ХIХ“.

Македонија му го расипа дебито на Лучијано Спалети, на Чизмата веќе се појавуваат стравувања дека Италија може да извиси за Еуро 2024, но Пандев тврди дека подобар избор од актуелниот нов кормилар, не можеле да имаат, нешто што го најави и во низата интервјуа во сите најголеми италијански весници пред мечот на „аѕурите“ во Скопје.

„Ќе видите дека Спалети ќе направи одлична работа, вистински човек е за клупата на Италија, треба само време“, додаде Пандев.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…