Пандов вели: Затвореници излегувале и влегувале во затворот „Скопје“ кога сакале

t

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

Пандов рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. Тој информира дека четворица затвореници во моментов се бегство.

На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов – Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…

Авион МиГ 29 на српската армија од…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…