Објавено на:

Паника во Загреб: Ученик им се заканувал на ученици со пиштол

t

Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испратил фотографии со куршуми и оружје на другите ученици во училиштето. Поради сето ова, полицијата реагирала и накратко го затворила училиштето, ученикот не бил на училиште во моментот кога ги испраќал фотографиите.

– Полицијата дојде и разговараше со некои ученици. Не викаа родителите да дојдеме да ги земеме децата. Сè уште се тресам од страв. Ми ги отсекоа нозете – раскажува за хрватските медиуми мајка на ученичката која дошла да си го земе детето од училиште.

– Имавме ситуација на училиште, поради што моравме да контактираме со полиција по протокол. Можеме само да кажеме дека на децата, наставниците и другите вработени во нашето училиште ниту во еден момент не им се заканувале. Не можеме да зборуваме за детали, но уште еднаш нагласуваме дека немало никаква закана бидејќи ги почитуваме сите безбедносни протоколи – изјавил директорот на училиштето.

Да потсетиме, низ регионот имаше неколку случаи во училишта каде мораше да интервенира полиција, по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…

Бугарија денес ја доби првата исплата од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!

Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…