Објавено на:

Паника во Запорожје: Украинците стравуваат од нуклеарна катастрофа, масовно бегаат во Молдавија

t

Во Запорожје и неговата околина владее паника, по информациите дека се можни напади на нуклеарната централа. Во меѓувреме, сирените за воздушен напад се огласија низ поголемиот дел од источните и јужните делови на Украина.

Украинските воздухопловни сили предупредија на ракетна закана во јужна Украина, според „Суспилне“.

„Скај њуз“ објави дека луѓето бегаат од областа околу нуклеарната централа Запорожје, откако меѓусебните обвинувања на руската и украинската страна за планиран напад на централата доведоа до паника меѓу Украинците.

Тие штотуку ги слушнаа предупредувањата на нивниот претседател Володимир Зеленски и шефовите на разузнавачките служби дека фабриката е минирана со експлозив, но и загрижувачките изјави на Русите.

Кога Русите тврдат дека Украинците ќе направат нешто, тоа често значи дека тоа ќе го направат самите, како што можеби беше случајот неодамна со браната Каховка, за која се верува дека Русите ја разнесоа, пренесуваат тамошните медиуми.

Украинската влада синоќа на социјалните мрежи издаде инструкции како да се напушти можната зона на радијација.

„Тоа предизвика аларм. Тоа доведе до тоа одреден број Украинци ненадејно да ја напуштат земјата. Гледаме редици на граничниот премин во Молдавија долги километри и тоа не сме го виделе со месеци“, објави уредникот на „Скај“, Доминик Вагхорн.

Извори на „Скај њуз“ посочуваат дека некои руски војници се повлечени од фабриката во последните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…