Папата ги посети повредените украински дечиња во Рим
Папата Франциск попладнево посети 19 украински деца бегалци во детската болница Бамбино Гесу во Рим.
Младите пациенти ја напуштиле Украина во првите неколку дена од војната, која започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина, и се лекуваат од онколошки и невролошки заболувања, меѓу другото, како и тешки повреди од експлозии, изјави директорот на ватиканскиот печат Матео Бруни, се вели во соопштението.
-Папата одеше низ собите и ги посети сите присутни малечки, пред да се врати во Ватикан.
Според Ватикан, 50 украински деца бегалци поминале низ болницата од почетокот на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Екстремни десничари маршираа низ Рим, бараат…
Околу три илјади крајнодесничарски активисти од цела…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
Државно-црковната делегација од Македонија на чествувањето на…
Државно-црковна делегација на Република Македонија, предводена од…
(Видео) Палестински и израелски мајки на босоног…
Палестински и израелски мајки предводеа босоног марш…
Кралот на Данска започнува тридневна посета на…
Кралот Фредерик X од Данска денес започнува…