Објавено на:

Паразит откриен во зелена салата: Над 140 лица завршија во болница во САД

t

Американските здравствени власти потврдија дека примерок од ајсберг зелена салата на компанијата „Taylor Farms“ бил позитивен на паразитот Cyclospora, кој се поврзува со голема епидемија на цревни инфекции во САД.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), досега се регистрирани повеќе од 1.600 заболени лица, од кои над 140 биле хоспитализирани. Засега не се пријавени смртни случаи.

Заразената салата е поврзана со производи што се служеле во рестораните на синџирот „Taco Bell“ во повеќе американски сојузни држави. Американската Агенција за храна и лекови (FDA) и CDC ги предупредија граѓаните да не консумираат исечена ајсберг салата од „Taylor Farms de Mexico“, која била послужувана во рестораните на синџирот во Индијана, Кентаки, Мичиген, Охајо и Западна Вирџинија.

Компанијата „Taylor Farms de Mexico“ на 17 јули започна повлекување на целата ајсберг салата произведена во централниот дел на Мексико. Повлекувањето опфаќа производи што се продавале во продавници, се користеле во ресторани и биле дистрибуирани до угостителски објекти во вкупно 27 американски сојузни држави.

Од FDA соопштија дека спорниот примерок бил земен при контрола на увозот во рамките на истрагата за епидемијата. Компанијата наведува дека сè уште утврдува дали дел од истата пратка сè уште се наоѓа во продажба или кај потрошувачите.

Синџирот „Taco Bell“ информираше дека спорната салата е отстранета од сите засегнати ресторани, додека дел од производите под брендот „Marketside“, кои се продавале во маркетите „Walmart“, исто така се повлечени како мерка на претпазливост.

Паразитот Cyclospora предизвикува заболување познато како циклоспоријаза. Симптомите можат да се појават и до две недели по консумирањето на контаминирана храна, а најчесто вклучуваат воденаста дијареја, губење на апетитот и нагло намалување на телесната тежина. Здравствените власти ги повикуваат лицата со вакви симптоми да побараат лекарска помош и да не ги консумираат производите опфатени со повлекувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паразит откриен во зелена салата: Над 140…

Американските здравствени власти потврдија дека примерок од…

Германска реакција на растот на цените: Просечна…

Средната месечна плата за вработените со полно…

Даниловски со нова анализа: Сознанијата ја зајакнуваат…

Македонскиот епидемиолог д-р Драган Даниловски во објава…

Исланд одлучува за влез во ЕУ

Исланѓаните на 29 август ќе одлучат дали…

Пијан возач се забил во воена база…

Пијан 52-годишен маж удрил со автомобил во…