Објавено на:

Паралелен конфликт: Ерменија бара помош од Русија заради ситуцијата во Нагорно Карабах

t

Ерменија бара од Русија да ги принудат азербејџанските трупи да го напуштат  регионот Нагорно-Карабах.

Москва во саботата објави дека Азербејџан го прекршил договорот со дозволувањето на своите војници да влезат во регионот во близина на селото Фарух, но дека војниците се повлечени до неделата.

Ерменското Министерство за надворешни работи денеска повика на истрага за акциите на руските мировни сили во текот на упадот и објави две карти со кои покажа дека азербејџанските сили се се уште таму.

Азербејџан во неделата соопшти дека не ги повлекол своите сили и дека тоа подрачје е негова суверена територија.

Азербејџанските трупи во 2020-та година ги протерале етничките ерменски сили од подрачјето кое го контролирале од 1990-та година во Нагорно-Карабах и околу него.

Во овој регион имаше војна, по што двете земји потпишаа договор, а Русија е земја која ќе го гарантира мирот.

Двете земји долги години имаат проблеми поради спорниот регион Нагорно – Карабах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин до Ерменија: „Немојте да го следите…

Рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер…

Русија го повлече амбасадорот од Ерменија, Путин…

Русија го повлече својот амбасадор од Ерменија…

Путин ѝ се закани на Ерменија со…

За време на прес-конференцијата по самитот на…

Ерменија и Азербејџан потпишаа мировен договор, Иран…

Советникот на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али…

Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…

Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…