Пари за враќање дома: До 3.000 евра годишно за тие што се враќаат од печалба
Хрватската држава воведе мерка која веќе предизвикува бурни реакции – сите граѓани што работеле во странство повеќе од две години и ќе се вработат по враќањето во земјата ќе бидат ослободени од плаќање данок на доход во период од пет години. Во пракса, ова значи директна финансиска корист која за многумина достигнува и до неколку илјади евра годишно.
Според пресметките, повратник со просечна плата може да добие околу 2.700 евра назад секоја година, што на петгодишно ниво изнесува и до 14.000 евра. Исплатите ќе започнат уште оваа пролет, а Даночната управа автоматски ќе го утврдува правото на ослободување, без дополнителни барања од граѓаните.
Првите примери веќе се реалност. Дел од повратниците кои се вработиле по враќањето, како млади луѓе од Шибеник и Бјеловар, ќе ја искористат оваа можност без обврска да останат во Хрватска на долг рок, што дополнително ја отвора дилемата за вистинската цел на мерката.
Економистите сметаат дека потегот може да ја зголеми мотивацијата за враќање, но предупредуваат дека недостигот од работна сила нема целосно да се реши. Побарувачката за странски работници, особено во градежништвото и услугите, според проценките ќе остане висока.
Истовремено, се отвора и прашањето за праведност. Критичарите сметаат дека мерката повеќе ги наградува оние што заминале, отколку граѓаните што останале и континуирано работеле во земјата. Од Владата, пак, најавуваат дека ова е само прв чекор и дека ќе следуваат измени со цел поправеден даночен систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…