Партерно и хортикултурно се уредува дворната површина во средното училиште “Никола Карев”

t

Град Скопје продолжува со реализација на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

Во средното училиште “Никола Карев” во општина Карпош, во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина од 10.740 метри квадратни, со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

Важноста и целта на овој проект е да се поттикнат нашите средношколци за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони. Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес зони, со реквизити и справи со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Долни Балван на протест против…

„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…

Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…

Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…

Киднапирани 42 ученици во Нигерија

Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…

(Фото) Запалиле контејнери, а пожарот се проширил…

Вандали запалиле контејнери, а пожарот ја опфатил…

Децата во Газа се враќаат на училиште…

Децата во градот Газа, за првпат по…