Патријархот Порфириј за забраната за влез на Косово: Денеска вратата од мојот дом е заклучена за мене

t

Денеска вратата од мојот дом ми е заклучена, вели српскиот патријарх Порфирије откако беше вратен од границата кај Мердаре.

„Како патријарх отидов во првото и најважното седиште на мојата Црква. Како свештеник отидов да бидам со мојот народ во пресрет на најрадосниот празник. Како граѓанин отидов во мојата куќа, кај моите дома“, рече патријархот на Инстаграм.

„Од моментот кога тргнав на овој пат, повторувам: каде и да бев надвор од Косово и Метохија, бев во туѓа земја. Јас сум само на Косово и Метохија кај мене дома. Денес вратата од мојот дом е заклучена за мене и се молам на Бога да ги отклучи срцата на оние што ги затворија и љубовта на Божиќ и раѓањето на Спасителот да допре до умовите и совеста на сите луѓе“, рече патријархот. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…

Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…

Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…

(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…

По затварањето на Алта банка во Србија…

Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…