Пахор: ЕУ да ѝ додели кандидатски статаус на БиХ веднаш и без одлагање инаку ќе расте нацонализмот во земјата
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска предложи Европската Унија да го променни пристапот кон БиХ, односно брзо да ѝ доделат кандидатски статус на земјата, по што ќе инсистира на спроведување на предусловите поставени од Европската комисија за БиХ во 2019 година.
Говорејќи во Сараево на отворањето на деловна конференција, Пахор рече дека на сите им е јасно дека политичката стабилност е предуслов за економски развој и дека регионот на Западен Балкан останува област на политичка нестабилност.
Тој оцени дека постојано му се заканува нестабилност предизвикана од бугарската блокада на македонските преговори за членство во ЕУ, која се прелева и во Албанија, немањето напредок во преговорите меѓу Србија и Косово, но и внатрешните проблеми што ги има БиХ.
Пахор смета дека интеграцискиот процес, поради неговата прекумерна бавност, предизвика раст на национализмот и поттикна неприфатливи идеи за промена на границите во регионот.
Затоа, тој предложи за проширувањето да се размислува како за најважно прашање кое стана особено важно по руската агресија врз Украина.
„Го поддржувам забрзаниот пристап на Украина, но сакам и забрзан пристап кога станува збор за БиХ“, рече Пахор, додавајќи дека е неопходно да се искористи сегашниот момент и да и се помогне на БиХ, бидејќи тоа е клучно не само за БиХ, туку и за стабилноста на регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…
Европската унија треба да биде „подготвена за…
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…