Објавено на:

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

t

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат да паѓаат, покажуваат најновите податоци на платформата AutoScout24. Во јуни просечната цена изнесувала 27.229 евра, што е за околу 530 евра помалку во споредба со почетокот на годината.

Најголем пад има кај малите градски автомобили и моделите од средната класа, додека понудата на возила стари меѓу 10 и 20 години е зголемена за 6,6 проценти, што им овозможува на купувачите поголем избор и подобра позиција при преговарањето за цената.

Имено, за разлика од бензинските и дизел возилата, половните електрични автомобили поскапеле. Нивната просечна цена достигнала 37.810 евра, иако побарувачката е намалена. Аналитичарите објаснуваат дека поевтините електрични модели брзо се продаваат, па во понудата остануваат поскапите возила со поголеми батерии и побогата опрема.

Експертите советуваат купувачите да го искористат периодот кога понудата е најголема, наместо да чекаат дополнително намалување на цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…

Владата ќе ги опомени трговците што се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…