„Па нели јас манипулирав за одговорноста на полицијата?!“ – Митовски со реакција по објавата на ОЈО ГОКК дека се бара притвор за 7 полицајци за трагедијата во Кочани!
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани се осомничени и за нив се бара притвор поради тоа што како службени лица како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Се работи за дискотеката Пулс во Кочани во која се случи трагедијата на 16.03. 2025 година.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на прес-конференција на самиот ден на трагедијата постави прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во врска со работата на полицијата и зошто е дозволено истата нелегално да работи, зошто никој од МВР не интервенирал, на што Тошковски одговори дека прашањето е манипулација.
По објавата на ОЈО ГОКК, во објава на Фејсбук реагира Митовски кој напиша:
– Па нели јас манипулирав кога прашував каде е одговорноста на полицијата?
Панче Тошкоски, и ти знаеш како што и јас знам дека согласно законски определениот принцип на хиерархија и субординација одговорноста за кривично дело со несторување паѓа и врз Директорот на БЈБ Александар Јанев и врз Министерот за внатрешни работи. – напиша Митовски.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…