Објавено на:

Пеколно во Судан: Аеродромот за евакуација е затворен, воздушниот простор небезбеден

t

Една недела по почетокот на судирот во кој загинаа стотици цивили, одделни групи странски државјани денеска почнаа да се евакуираат од Судан.

Како што јавува Ројтерс, аеродромот во Картум повеќе пати беше цел на напади, а многу жители не можеа да ги напуштат своите домови или да излезат од градот во побезбедни области.

ОН и странските држави ги повикаа лидерите на двете страни да го почитуваат примирјето кое главно се игнорира, како и да отворат безбеден премин за цивилите и за неопходната помош. Со затворен аеродром и небезбеден воздушен простор, илјадници странци, вклучувајќи го персоналот во амбасадите, хуманитарните работници и студентите во Картум и другите делови на Судан, не успеаја да ја напуштат земјата.

Војската вчера соопшти дека ќе обезбеди безбедност на патиштата за евакуација на државјаните на САД, Велика Британија, Франција и Кина, додека граѓаните на Саудиска Арабија и Јордан веќе се евакуираа преку пристаниште на Црвено Море. Саудиска Арабија соопшти дека денес доцна попладне евакуирала 157 саудијци и луѓе од друга националност. Кувајт, пак, објави дека одделни граѓани на Кувајт стигнале во Џеда, додека Јордан почна евакуација на 300 свои граѓани од Судан.

Американската амбасада ги предупредила Американците дека има „нецелосни информации” за конвоите кои што тргнале од Картум и дека патуваат на сопствен ризик.

Русија направи списоци за евакуација од Судан, а ќе ги евакуира и граѓаните од земјите членки на Заедницата на независни држави, изјавил рускиот амбасадор во Судан, Андреј Черновол.

Паравоените сили за брза поддршка соопштиле дека се спремни делумно да ги отворат сите аеродроми во земјата за да дозволат евакуација, но, според Ројтерс, статусот на суданските аеродроми е нејасен.

Аеродромот во Картум на Твитер објави дека воздушниот простор на Судан ќе остане затворен за сообраќај, додека суданскиот синдикат на лекари соопшти дека денес над две третини од болниците во конфликтните зони се вон функција.

Според ОН, денес биле одземени најмалку 10 возила на Светската програма за храна и шест други камиони со храна од канцеларијата на агенцијата и магацините во Нјали, во јужен Дарфур.

Судирите во Судан избувнаа на 15 април заради спорот меѓу началникот на суданската војска Абдел Фатах ал-Бурхан кој претседава со суданскиот Суверен совет и Мохамед Хамдан Дагал познат како Хемедти, неговиот заменик во тој совет и началник напаравоените Сили за брза поддршка.

Според последните податоци од суданското Министерство за здравство, во судирите загинале над 600 лица. Суданскиот лекарски комитет, пак, јави за речици 200 убиени цивили, над 1.000 повредени, а 3.300 биле присилени да ги напуштат домовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судан: Војската ја презема контролата над клучната…

Суданската војска тврди дека презела целосна контрола…

Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во…

Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија…

Над 100.000 бегалци избегале од Судан поради…

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во…

Завојуваните страни во Судан се согласија да…

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои…

Осумчлено македонско семејство заглавено во Судан: МНР…

Од Министерството за надворешни работи на Макеоднија…