Пендаровски вели: Неколку македонски партии се финансираат од Москва
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ ја коментира и изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој деновиве повтори дека расположението на македонскиот народ е спротивно од евроатланскиот курс на политичката елита. Според Пендаровски, се работи за „провокативни изјави кои се дел од политичка пропаганда“.
-Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание – вели Пендаровски.
-Сѐ додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е во ред и тоа е демократски. Но, морам да кажам дека навистина чудно е тоа што неколку дена по руската инвазија во Украина, Левица го повика рускиот амбасадор во Собрание и го одликува за неговиот придонес во билатералните односи, што е без преседан. Во ниеден европски парламент не се случило тоа – наведува Пендаровски во интервјуто за „Фокус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протести во Берлин: Не сакаме да гинеме…
Учесниците на младинскиот протест во Берлин, кои…
Војната против Иран ја чинеше Америка 48,3…
Американската војна против Иран до 13 ноември…
Градоначалникот на Белград обвинет за нанесување тешки…
Oсновно јавно обвинителство во Белград поднесе до…
Две руски ракети паднаа на територија на…
Додека илјадници европски војници во Полска ги…
Просечна плата од 88.787 денари во ИТ…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…