Пендаровски во посета на врховната команда на НАТО силите во Европа: Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде оствари средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи.
На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во насока на заштита на НАТО сојузниците и намалување на ризикот од проширување на конфликтот.
Претседателот Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на државата да даде свој активен придонес во напорите на Алијансата насочени кон исполнување на стратешките цели, во одржувањето на регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија, во рамки на своите капацитети, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Генералот Каволи се заблагодари за севкупната поддршка што Република Македонија, како членка на НАТО, ја дава во напорите на Алијансата за одржување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со припадници на Армијата на Република Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…