Пендаровски во посета на Македонците во Пустец
Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Поградец.
Пендаровски во Пустец ќе биде пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.
Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што претседателот ќе оствари средба со локалните власти и ќе ги посети црквата Св „Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.
Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…