Објавено на:

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

t

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.

Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.

,,Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности” рече Пендаровски.

Тој денеска побара поддршка од младите гостиварчани и ги повика на 8 мај да го заокружат бројот 1, за како што истакна, заеднички да го продолжат патот по кој се движи Македонија во последните неколку години и на нивните врсници да им овозможат подобри услови за егзистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена вработена во МВР – фатена со…

Овластено службено лице вработено во МВР фатено…

Ќе има прегласување: Управен суд ги одби…

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани…

(Видео) Полицајци спасија човек во Молдавија, кој…

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се…

Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат…

Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави…