Пендаровски: НАТО реагираше за инцидентот во М-НАВ
Во вечерашното интервју за „Тема на денот” на Телевизија Сител, зборувајќи за последните случувања во М-НАВ, претседателот Стево Пендаровски потенцираше дека незадоволството на контролорите на летање трае подолго време и потсети дека нивниот синдикат реагираше и пред година – две, кога имаше обиди на данскиот конкурс да се примат неквалификувани кадри.
„Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт” – потенцираше претседателот Пендаровски.
Во оваа насока, како што истакна претседателот Пендаровски, кога се случи инцидентот, покрај од амбасадите добил реакции и од високи претставници на НАТО, чии прашања биле во насока на тоа дали е безбедно македонското небо и за авионите на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…
„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…