Пендаровски: Опасност од Кремљ има и за Западен Балкан

t

Опасноста што доаѓа од Кремљ, настрана од Украина е за Западен Балкан каде што има чувствителни точки во европската безбедносна архитектура, предупреди претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија „Во одбрана на Европа“ на Форумот во Давос.

Неговата порака е дека „треба да бидеме многу внимателни со тоа“ и како сојузници и како членки на НАТО и како членки или кандидати за членство во ЕУ.

На прашањето за безбедносните предизвици на Западен Балкан, Пендаровски кажа дека во регионот има две ранливи точки – Република Српска и северот во Република Косово.

– Режимот на Путин со години наназад се обидува да ги поттикне луѓето на дезинтеграција при што има обиди за провокација со цел да се наруши интегритетот на овие земји, а бевме сведоци на пропаганда и хибридни закани. Сега руската пропаганда не е интензивирана бидејќи Путин е препокупиран со западните сојузници на Украина – изјави Пендаровски.

Според него, локалните актери, пак, не се среќни со мировните договри и го користат ова па се служат со потпалувачка реторика и дејства.

Во дискусијата на панел сесијата Пендаровски уште кажа дека ако Русија се обиде да го дефокусира вниманието на западните земји од Украина, регионот на Западен Балкан е повеќе подложен, за разлика од Балтикот, на пример, затоа што има слаби безбедносни точки.

Запрашан за влијанието, односно присуството во регионот на ЕУ, НАТО или САД тој кажа дека главниот играч се САД, но и дека се почитуваат и другите.

Пендаровски уште кажа дека клучно е кога ќе заврши војната во Украина да се задржи трансатлантската солидарност, бидејќи како што се гледа низ светот дури и кај некои од најголемите држави, во пораст се авторитарните тенденции.

– Ако демократиите не се држат и останат заедно, почитувајќи исти вредности и борејќи се за нив понекогаш и буквално, тогаш автократиите ќе превладеат. Видовме минатата година кога почна војната во Украина и претходно во Белорусија дека основната дилема и битка е меѓу демократијата или автократијата, односно диктатура како што е денес во Русија. Затоа мора да имаме целосно единство и солидарност и по војната во Украина. Тоа е неопходно за да имаме подобар свет – порача Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ги прими претседателските кандидати во Кремљ:…

Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ ги…

Кремљ: Опасни изјави на Макрон

Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за…

Песков: Русија гради нов систем на економски…

Москва работи на подготовка на нов систем…

Кремљ: Зеленски е во многу тешка ситуација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во многу…

Кремљ: Голем број држави сакаат да членуваат…

Бројот на земји кои сакаат да соработуваат…