Пендаровски: Подготвен сум во секое време за дуел со опонентите

t

„Дебата нема, затоа што опонентите се мислеа дали воопшто да се нафатат на соочување“, истакна кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред делчевчани. Тој повтори дека предложил организирање на т.н. мастер дебата во која ќе учествуваат сите седуммина кандидати за претседател. Оваа идеја не се реализираше, а Пендаровски сега го повика на дуел претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пендаровски додаде дека Македонија треба да продолжи на патот кон Европа и кон развиениот свет и да не дозволи, како што вели, да се врати режимот со кој државата тонеше цели 11 години.

„Од моја страна, во било кое време, на било кој терен, на било која телевизија, дење-ноќе, викенди, делници, празници… јас сум подготвен да се соочам со опонентите, меѓутоа јас сакам да предложам да имаме вистински дуел. Да има реален дуел, а не фингиран дуел. Јас предлагам да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Силјановска не ја гледаме каде е“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвенковски одлучи да се затвори дома и…

Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко…

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…

ДЕНЕСКА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Велики…

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие…

Британски медиуми: Терористи се закануваат дека ќе…

Според израелските новинари по тајната посета на…

Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на…

За западните демократии е срамно и скандалозно…