Пендаровски се приклучи кон осудите за Русија
Кабинетот на Претседателот Пендаровски соопшти дека Претседателот го осудува нападот на Русија брз Украина.
Го пренесуваме соопштението во целост:
“Почитувани,
Во прилог го проследуваме ставот на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија:
„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.
Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.
Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“
Претседателот Стево Пендаровски за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.
Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.
Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, како и фото и видео инсерти од седницата ќе бидат дистрибуирани од страна на Кабинетот на претседателот по завршувањето на седницата.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…