Пентагон уверува: Украинците не го користат американското оружје за да ја напаѓаат Русија
Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.
-Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за можна употреба на беспилотни летала од САД во соседна Белорусија.
„Регуларно се консултираме со Украинците за соодветна употреба на опремата што им ја обезбедуваме. Сите показатели укажуваат дека тие продолжуваат да бидат фокусирани на одбрана на својата татковина и борба во Украина“, изјави Рајдер.
Изјавата доаѓа откако вчера во руски медими и на социјалните мрежи се објавија непотврдени извештаи за диверзантски напад во Русија, изведен од страна на руска националистичка милитантна група во областа Брјанск, во село близу руско-укринската граница, а која пристигнала од Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…