ПЕПЕЛ на фронтот: Русите тврдат дека Украинците убиле 39 проруски активисти!
Украинските безбедносни сили застрелаа 39 проруски активисти во Херсон, изјави портпаролот на службите за итни случаи.
„Нивните тела не се предадени на нивните роднини и се планира да бидат искористени во изведени сцени кои наводно сведочат за воените злосторства на Русија“, рече изворот.
Во непознат правец се однесени уште 74 лица.
Претставникот на итната помош додаде и дека националистите ги заплашуваат заминатите граѓани.
„За да го направат ова, тие упаѓаат во куќи и станови оставени во градот Херсон, го уништуваат имотот. Во исто време, претресите се придружени со фото и видео снимање за последователно испраќање до нарачателите лоцирани на левиот брег, бјасни тој.
Претходно, администрацијата на регионот Херсон објави случаи на линч и директни репресалии од страна на украинската војска против локалните жители, пишува РИА Новости.
Претходно оваа недела, Асошиетед прес објави фотографии направени во Херсон, на кои се гледаат луѓе врзани за столбови. Наводно, ова е казна за наводна соработка со руските власти.
После тоа, украинските власти им ги одземаа акредитациите на новинарите кои работеа во градот. Во Киев рекоа дека тоа го направиле без координација со вооружените сили на Украина.
Во исто време, вршителот на должноста гувернер на регионот Херсон, Володимир Салдо, истакна дека има докази за репресии од страна на украинските власти врз цивилите во Херсон. Според него, Киев ги прогонува луѓето кои „едноставно продолжиле да работат во последните месеци“.
Како што истакна Сергеј Суровикин, командант на Обединетата група на сили, ситуацијата во Херсон стана опасна за животите на цивилите. На почетокот на ноември од десниот брег беа евакуирани 115.000 луѓе, по што министерот за одбрана Сергеј Шојгу се согласи да започне со префрлање на војниците на левиот брег и да организира одбранбена линија долж реките Днепар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…