Песимистичка прогноза на ММФ: Оваа година ќе биде потешка од претходната

t

Црни прогнози за 2023: третина од светот ќе падне во рецесија. Вакво предупредување даде шефицата на ММФ објаснувајќи дека место за оптимизам нема оти трите главни мотори на глобалниот раст, САД, ЕУ и Кина успоруваат. Главни причинители се војната во Украина, инфлацијата, високите каматни стапки, но и наглото ширење на корона вирусот во Кина.

„За поголемиот дел од светската економија, ова ќе биде тешка година, потешка од онаа што ја оставивме за над. Зошто? Бидејќи трите главни еконосмии забавуваат истовремено. САД се најотпорни. САД може да избегнат рецесија. Половина од ЕУ ќе биде во рецесија. Кина уште повеќе ќе забави. Следнава година ќе биде уште потешка за нив. И тоа се отсликува во негативни трендови на глобално ниво.“ Кристалина Георгиева, претседателка на ММФ

Георгиева го поздрави планот на ЕУ за енергетска независност од Русија и процени дека следната зима би била уште потешка од оваа. За европските влади рече дека работат совршено во неверојатно тешки услови.

„Немојте да мислите дека ќе се вратиме на предвидливоста пред Ковид. Не чека уште повеќе неизвесност, повеќе преклопување на кризи. Наместо да плачеме за времето што го имавме, мораме да дејствуваме на поагилен, превентивен начин.“ – Кристалина Георгиева, претседателка на ММФ

ММФ во октомври лани ја намали прогнозата за светскиот раст од 2,9 на 2,7%, а еден месец подоцна ЕК објави дека во текот на зимата, Унијата ќе биде зафатена од рецесија.

Кризата ќе се рефлектира и врз македонската економија која, според Светската банка, во 2022 имаше најмал раст во регион

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бака ја прифати номинацијата за претседател на…

Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…

„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…

Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…

Германија се соочува со хибридни напади од…

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…

Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…