Објавено на:

Песков: Мајдан беше насилен пуч спонзориран од странство

t

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, говорејќи денеска за протестите и насилството пред 10 години на киевскиот плоштад Мајдан, изјави дека станува збор за насилен државен удар во Украина кој бил спонзориран од странство.

„Ние го нарекуваме Мајдан, но всушност тоа беше државен удар, насилен државен удар кој беше спонзориран од странство. Мораме да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име“, изјави Песков.

Според него, претставниците на странските земји го препознале фактот дека Мајдан бил спонзориран од странство директно и индиректно, „што исто така не е тајна“.

„За нас е најважно да ги постигнеме нашите цели и за таа цел продолжува специјалната воена операција“, заклучи Песков.

Пред 10 години, на 21 ноември 2013 година, на плоштадот Мајдан во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар. Повод за масовните протести беше одлуката на Владата да го прекине потпишувањето на пристапниот договор во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарите во Европа ќе се зголемат за…

Површината на опожарени подрачја во Европа до…

Во Албанија почнаа активности за референдум за…

Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска…

Кривична против две лице и фирма: Незаконски…

Две лица и правно лице од струшко…

94 функционери казнети со по 300 евра…

Државната комисија за спречување на корупцијата на…

Португалија забрани носење бурка на јавни места,…

Португалија донесе закон со кој се забранува…