Песков: Турција не треба да се надева на членство во ЕУ, Европа не ги сака
Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО.
Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Запад.
-Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во нејзината историја имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди со помал интензитет, рече Песков на брифинг со новинарите.
Според Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа.
-Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила, додаде Песков, алудирајќи на деценискиот отпор на ЕУ кон членството на Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера неочекувано ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ.
Тој рече дека Европската унија треба да го отвори патот за Турција да влезе во ЕУ пред турскиот Парламент да го одобри приемот на Шведска во НАТО, но европските лидери рекоа дека не можат да ја прифатат таа поврзаност.
Откако Анкара го отвори патот на Шведска за влез во НАТО, Шведска одговори дека активно ќе го поддржи турскиот процес за пристапување во Европската унија.
Песков рече дека Русија разбира оти Турција, како членка на НАТО, мора да го стори тоа, додавајќи дека Москва сака да продолжи да гради заемно корисни односи и покрај „сите несогласувања“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…