Петре Шилегов набавил мобилни „ќенефи“ во вредност од 550.000 денари

t

Ако веќе е реализирана целосната постапка, од тендерирање до набавка и склучување на договор, тогаш нелогично би било веќе потрошените пари на скопјани да не се користат во служба на граѓаните – вака го коментираат од град Скопје поставувањето на мобилни тоалети не повеќе локации низ градот.

Според договорот за јавна набавка, изнајмувањето на мобилни тоалети градот Скопје го чини 550.000 денари, а договорот го потпишал бившиот градоначалник на градот Петре Шилегов, но иако парите биле префрлени, договорот никогаш не бил реализиран.

Се додоаѓањето на новата градска администрација на Данела Арсовска.

Како што може да се види од договорот за јавна набавка, истиот е склучен на 15.декември 2020 година со времетраење од две години, односно до 15 декември 2022 година.

Освен што градот Скопје префрлил пари на фирмата МСС-Мобилен Санитарен Сервис ДООЕЛ Скопје, до доаѓањето на новата градска администрација, мобилните тоалети воопшто не биле користени.

– Ако веќе е реализирана целосната постапка, од тендерирање до набавка и склучување на договор, тогаш нелогично би било веќе потрошените пари на скопјани да не се користат во служба на граѓаните, велат од градот за Инфомакс.

Последниве неколку недели, на социјалните мрежи се ширеа лажни вести во врска со поставените мобилни тоалети кои ги дистрибуираше поранешниот шеф на кабинет на Шилегов и братучед на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски.

Никола Наумовски пак, добил 65.000 евра за изработка на веб-страница на град Скопје во времето на Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Командирот славел за купување на противпожарна скала:…

Во соопштение до јавноста, денес од ВМРО-ДПМНЕ…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Пpoблеми во СДСМ: Шилегов не се согласувал…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Петре Шилегов набавил мобилни „ќенефи“ во вредност…

Ако веќе е реализирана целосната постапка, од…