Петровска: АНБ не спречила исламски свештеник, сомнителен за регрутирање борци, да држи проповед во театар во Тетово

t

Како е можно исламски свештеник на кого во 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија, минатиот петок да држи проповед во театар во Тетово?

Ова прашање вечерва го постави поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, сегашна пратеничка од опозициската СДСМ, во гостувањето на емисијата „Вин-Вин“ на телевизијата Телма.

Таа додаде дека за првпат јавно го поставува ова прашање и очекува одговор, макар и писмен, од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), како агенција што, според неа, е надлежна да постапува во вакви случаи.

Во емисијата Петровска рече дека на тоа лице, кое што не го именуваше и не откри никаков детал за неговиот идентитет, во април 2023 година било спречено да влезе во земјава затоа што имало сомневања дека е дел од група што регрутира млади припадници на муслиманската заедница за бојните полиња во Сирија и во Ирак.

„Тој, кој што само една година претходно бил спречен да влезе, зашто АНБ му ја осуетила намеарата, минатиот петок во театар, во државна установа држеше проповед пред поприлично голема група, меѓу која имаше и мали деца. Ова не е работа за социјалните мрежи. Ова е работа на АНБ. Дали тие знаат што правел? Дали ја тргнале опасноста“,праша Петровска.

Поранешната министерка во емисијата упати повеќе критики за работењето на АНБ, но и за, како што рече, односот на власта кон безбедносно-разузнавачките служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…

Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…

Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…

ОЈО ГОКК постапува по кривична пријава против…

Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена…