Петровска: Властите ги фатија сите криминалци, па сега апсат чесни христијани!
Властите ги фатија сите криминалци па апсат луѓе, чесни христијани, вели пратеничката Славјанка Петровска во објава на Фејсбук.
– Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на село Галате, гостиварско.
Прво лажеа дека обвинителството наредило апсење, па откако ЈО демантираше, граѓаните се обвинети за узурпација на земјиште! Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!!!
Дафина Стојаноска ја видел некој? Затоа што пред изборите поприлично грлато врескаше дека никој не може да го тормози македонскит народ! Ама не и било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било. – напиша Петровска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…
На социјалните мрежи се појави апел за…
Пожар во католичка црква во Нови Сад…
Пожар избувна утрово на страничниот влез во…
(Видео) Пожарот зафати гробишта и дел од…
Пожарот зафати дел од црква и гробишта…
Жителите на Галате се оградуваат од ситуацијата…
По состанокот одржан вечерва во село Галате,…
Ново соопштение од МВР за апсењето во…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…