Средба на Петровска во Министерството со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и потполковникот Ханс Петер Вамслер
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството ги прими германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставеното одбранбено аташе потполковникот Ханс Петер Вамслер.
На средбата стана збор за развојот на одбранбената соработка помеѓу Македонија и СР Германија која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно – воената соработка.
„Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни“, рече министерката на состанокот.
Петровска, Холштајн и Вамслер разговараа и за моменталните случувања на европскиот континент при што се согласија дека НАТО останува обединето во својата цел – одвраќање и одбрана на територијата на Алијансата, а повикаа и на деескалација и итен прекин на воените дејствија во Украина и решавање на сите отворени прашања преку дијалог и по дипломатски пат.
Македонија и СР Германија во областа на одбраната соработуваат од 1996 година. Германски експерти за персонален менаџмент беа вклучени како советници во изработката на клучниот документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед, а во рамките на билатералната соработка во германските центри за едукација и обука се школувале околу 200 припадници на Армијата. Соработката вклучува и обука по германски јазик која ја имаат посетено околу 200 армиски припадници, а Германија го одобри и барањето за проширување и продолжување на постојната бинационална соработка на вооружените сили на двете држави преку годишни програми и програми за воена помош до 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициска акција во Скопје: Приведени тројца од…
Пет лица на возраст од 21 до…
Ристов: Струјата од Нова година најверојатно ќе…
Цената на електричната енергија за домаќинствата од…
Четири грешки во две реченици во писмото…
Бугарската партија „Вазраждане“ поднесе предлог-закон за бугарскиот…
Студентската листа најави делегација во Москва за…
Радомир Саичиќ од српската Студентска листа најави…
Експлозија на јахта на Халкидики: Повредено е…
При експлозија на јахта под бугарско знаме…