Пет активни пожари на територијата на Македонија

t

До утрово до 7:30 часот според Центарот за управување со кризи на територијата на државата се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 3 се под контрола, а 29 се изгаснати.

Во активните пожари се тие во Општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), потоа во Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), во Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума) и Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).

Фотографијата е од пред неколку дена кога армискиот хеликоптер Ми-8/17 беше ангажиран за гасење на пожар кај село Нивичино, Општина Василево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари на територијата на Македонија

До утрово до 7:30 часот според Центарот…

Дислоцирање на американските војници од Косово заради…

Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките…

Африм Гаши доцна синоќа бил примен на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа…

Ангелов: Спречен уште еден обид за подметнување…

Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово…

ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони…

За првпат во историјата, со ребалансот на…