ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието
За првпат во историјата, со ребалансот на Буџетот се намалуваат субвенциите за земјоделците. Наместо зголемување и дополнителна поддршка, како што беше досега со СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ крати средства – директно ја намалува финансиската поддршка за земјоделците, велат од СДСМ.
„Во времето на СДСМ финансиската поддршка изнесуваше 8,3 милијарди денари (во 2023 година), додека со ВМРО-ДПМНЕ е намалена на 6,7 милијарди денари. Тоа значи над 30 милиони евра помалку за земјоделството – сектор од клучно значење за економијата и за обезбедување храна.
Дополнително, после две години предвремена, авансна исплата на 30% оваа година ВМРО-ДПМНЕ го укинува и тоа, нема да има.
ВМРО-ДПМНЕ го намалува и буџетот за програмата за рурален развој, а со укинување на лимитот за директни плаќања од 18 милиони денари, повторно се фаворизираат големите компании на штета на малите производители.
Овие одлуки покажуваат јасна намера на Владата да ги укине сите досегашни реформи и да ја наруши правичната распределба на поддршката во земјоделството.
Дополнителна загриженост предизвикува и предупредувањето од Европската Унија поради неефикасноста на институциите и загрозеното искористување на ИПАРД-средствата, како последица од заминувањето на 136 професионалци од Министерството за земјоделство и Платежната агенција. Едно е јавно, ништо од изборните ветувања, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците, тврдат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…