Пет дена гори депонијата во Желино, интервенираа и ер-трактори

t

Со интервенцијата на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои фрлија вода од врз депонијата во село Добарце Општина Желино која гори петти ден, пожарот на депонијата веќе не е активен, велат од ЦУК.

„По успешното дејство на два противпожарни авиона „Ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во два наврата, врз депонијата, во моментот додека информираме пожарот не покажува знаци на активност и не чади. Во тек е ангажман на градежна механизација за дополнително затрупување на деловите каде што чадело“информираше раководителот на Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи.

Од тетовската пожарна информираат дека тие пет дена редовно интервенираат на пожарот со тоа што се праќани пожарникари да го гаснат огнот употребувајќи вода од камионите со цистерни.

„Овие пет дена постојано фрламе вода, но според мене целосно ликвидирање на запалениот отпад ќе има кога ќе се изгаси огнот и ќе се затрупа изгореното со земја. Во купиштата изгорен отпад се појавува внатрешно согорување и затоа е потребно да се затрупа, информираше Авни Амети“, командир на Територијалната против пожарна единица Тетово.

Пожарот избувна во саботата 9 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…