Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач: OJO и ДКСК да го поверат случајот
На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.
– Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.
Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.
Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година.
Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.
Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?
Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.
Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.
Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.
Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.
Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.
Ништо не е сменето во ДПМНЕ, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Детали за случајот може да прочитате во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…
„Сум бил свиња и сакал да ме…
Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…