Пикси кон Србите: Време е да резервирате хотели низ Германија!

t

Со вчерашната победа над Црна Гора од 3-1, Србија дојде пред портите на Европското првенство, потребен е само уште еден бод за заверка на пласманот, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси им порача на навивачите да почнат со резервации на смештајот за континенталниот собир кој ќе се одржи во Германија.

Иако Србија теоретски уште не е пласирана, никој нема дилема дека тоа ќе се случи. Пикси ќе стане првиот селектор во историјата на нашиот северен сосед кој ја однел репрезентацијата и на светско и на европско првенство.

„Мојата идеја беше јасна, носам одлуки и ги видовте нашите изданија во Будимпешта и тука. Момците заслужуваат пофалби, секој го одработи она што се очекуваше од него. Психолошки бев потполно мирен, бидејќи како тренер направив се што е во моја моќ. Ја подготвив екипата, ги направив измените, му диригирав на тимот, немаше нервози. Комплетно бев подготвен и им реков на момците да бидат трпеливи“, рече Пикси на вчерашната прес-конференција.

„Свирежи на полувремето? Не слушнав свирежи, но треба да им се објасни на луѓето дека натпреварот не се завршува со едно полувреме, има и второ. Не сакам да слушнам повеќе свирежи, нашите момци заслужуваат поддршка“.

„Бев мирен во ноќта пред мечот, имам поштен однос кон играчите, нацијата, не лажам, не играм во обложувалница. Веројатно е логично да се надевам на убави работи. Направив се што можев во Будимпешта, фалеше уште да влезам во теренот. Имам душен мир. Во фудбалот мора да веруваш. И знаев дека ќе дојде се против Црна Гора, само не знаев кога. Опцијата пораз не постоеше. Како што не постои и мислата дека може да загубиме од Бугарите“.

„Туку, време е полека да почнат да се резервираат хотели во Германија. Радувајте се што последниот меч ќе биде одигран во Лесковац, државата многу вложува во фудбалот и тоа е голема работа“.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…