Писториус: Путин би можел да го нападне НАТО
Се повоинствениот руски претседател Владимир Путин би можел да го нападне НАТО за помалку од една деценија, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус во најсериозното предупредување од тој вид досега.
Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ… затоа мораме да земеме предвид дека Владимир Путин еден ден би можел дури и да нападне земја на НАТО“, изјави Писториус за германскиот весник „Тагесшпигел“ во интервју објавено денеска.
-Нашите експерти очекуваат дека тоа би можело да се случи во период од пет до осум години.Иако рускиот напад засега е малку веројатен, нашите експерти очекуваат дека за пет до осум години тоа би можело да биде можно, рече Писториус.
По сеопфатната инвазија на Украина, Русија драматично ја засили својата агресивна реторика против некои од нејзините соседи – вклучително и балтичките земји и Полска, кои се и членки на НАТО, како и Молдавија – што ги натера највисоките европски претставници на одбраната да предупредат на ризик од голем конфликт.
Пред два дена, адмиралот на НАТО, Роб Бауер, рече дека воената алијанса се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „трансформација на НАТО во сојуз подготвен за војна“.
Претходно овој месец, врховниот командант на Шведска, генерал Микаел Биден, на сличен начин ги повика Швеѓаните „ментално да се подготват“ за војна.
Истиот ден, шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин исто така предупреди дека „војната може да дојде во Шведска“. Во интервјуто, Писториус рече дека предупредувањата на Шведска се „разбирливи од скандинавска перспектива“, додавајќи дека Шведска се соочува со „уште посериозна ситуација“, со оглед на нејзината близина со Русија. Шведска се уште не е членка на НАТО алијансата и чека одобрение од Турција и Унгарија за приклучување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топлотен бран кон крајот на септември: Tемпературите…
Топло време со температури значително над просекот…
Опасност од одрони на неколку делници, посебен…
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива…
Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…
60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…
Вработени во Националниот музеј во Сараево печеле…
Лицето Ј.В. доби казна од 200 конвертибилни…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…