Пијан Мексиканец нападнал полицаец во Ѓорче за време на манифестација
31-годишник од Мексико пијан дивеел за време на музичка манифестација во скопско Ѓорче во саботата вечерта. Дури, со тврд предмет нападнал полицаец.
– На 19.09.2026 во 21:00 часот во Скопје, во паркот во Ѓорче Петров, каде се одржувала манифестација, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.И.Б.Л.(31) од Мексико, поради тоа што одбивал да се легитимира, се однесувал агресивно, а потоа физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Утврдено е и дека Х.И.Б.Л. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили во крвта, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…
Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…
Тројца малолетници претепани од група врсници во…
На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена…
Американците ги избраа осумте најдобри места на…
Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…
Македонската берза ја стави Алта банка на…
Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…
Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…