Пијан работник од депо украл трамвај во Киев и се возел низ градот
Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев, под дејство на алкохол, украл трамвај и тргнал да се вози по една од градските линии, соопшти киевската полиција.
Младиот механичар ја искористил ситуацијата кога резервниот трамвај останал без надзор. Влегол во кабината, го стартувал возилото и тргнал во правец на метро-станицата „Бориспилска“.
За да го запрат трамвајот, вработените морале да ја исклучат контактната мрежа. Откако трамвајот застанал, полицајците го уапсиле младиот човек.
При проверката со апарат „Драгер“ било утврдено дека имал 1,41 промили алкохол во крвта.
На прашањето зошто го направил тоа, тој пред полицајците објаснил дека многу сака да се вози со трамвај.
Против 20-годишникот е поднесено обвинение за незаконско преземање моторно возило. За делото му се заканува затворска казна до пет години, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан работник од депо украл трамвај во…
Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…
Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…
Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…